Сега е и официјално: Ливерпул се пофали со Екитике! (ФОТО)

23.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сега е и официјално: Ливерпул се пофали со Екитике! (ФОТО)
ФОТО: FC Liverpool/X

Од вечерва и официјално. Уго Екитике е најновото име во таборот на Ливерпул, во таборот на актуелниот шампион во Премиерлигата. Клубот од „Енфилд“ се пофали дека некогашниот напаѓач на Ајнтрахт Франкфурт е нов член на “Редси“.

Инаку за него Ливерпул плати 80 милиони евра плус бонуси, па така сумата доаѓа нешто помалку од 100 милиони евра.

Секако дека со најновиот ангажман на репрезентативецот на Франција, најзадоволен ќе биде стратегот на “Редси“, Арне Слот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата