На повидок е сензационален трансфер. Имено Рома би можела да остане без Пауло Дибала во јануарскиот преоден рок.
Се чини дека неговото заминување се подготвува подолго време, тој не е омилен играч н тренерот Џанпјеро Гасперини и јануари можеби е идеално време да го напушти Рим и да се врати во Аргентина.
Всушност, локалните медиуми пишуваат за интересот на Бока Јуниорс, па дури и додаваат дека самиот Дибала е возбуден што ќе игра за познатиот клуб од „Бомбоњера“.
Во целата приказна, важна е и улогата на Леандо Паредес, соиграчот на Дибала од репрезентацијата кој го носи дресот на Бока, а Пауло се чини дека е спремен да му се придружи.
Договорот на Дибала со „Волчуицата“ истекува на 30 јуни 2026 година, а нема индикации дека ќе биде продолжен, па заминувањето на зима е повеќе од реално.
Директорот на Бока, Марсело Делгадо, синоќа ја загреа целата ситуација и го опиша потенцијалниот трансфер на Дибала како комплексна мешавина од „сон и реалност“, нагласувајќи дека неговиот клуб е подготвен да вложи значителен напор за да го обезбеди потписот на победникот на Светското првенство.
„Сон, илузија или реалност? Дибала е мешавина од сите нив“, објасни Делгадо.
„Се надеваме дека можеме да вложиме потребниот напор за да го доведеме тука, без оглед на тоа дали постои можност или не. Единственото нешто што го знам е дека неговиот договор истекува во јуни 2026 година. Ќе ја процениме ситуацијата и ќе видиме што ќе се случи“, рече Делгадо.

