Се бара оставка од Покетино на местото селектор на САД!

30.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се бара оставка од Покетино на местото селектор на САД!

Лоша вест за селекторот на САД, Маурицио Покетино. Имено фановите на оваа селекција бараат негова оставка од местото селектор на САД и се тоа поради фактот дека тој, како предводник на селекцијaта под договор, преговарал со еден клуб од Премиерлигата.

Многу бура се дигнала и во Фудбалскиот сојуз на САД кога се дознало дека Покетино имал разговори со раководството на Брентфорд за преземање на тој тим откако Томас Франк си заминал во таборот на Тотенхем.

Ова навистина е невообичаено од еден селектор, но ете, Покетино го прекршил тоа непишано правило.

Инаку нема информација за тоа како после ова реагирал Аргентинецот.

Колку за потсетување, Покетино беше тренер во Саутемптон, потоа долг период беше стратег на Тотенхем, кого го однесе и до финалето во ЛШ, а беше тренер и на ПСЖ и Челзи, за да од септември минатата година ја прифати понудата на САД и ако нешто не се случи драматично, би требало да ја предводи оваа селекција на СП 2026.

ФОТО: ФЦ Челзи/Х


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата