Во вториот денешен дуел од Серија А програмата, тимот на Сасуоло на домашен терен успеа да одигра 0:0 против екипата на Наполи и да освои значаен бод во битката за што подобар пласман на табелата во италијанскиот шампионат.
Од друга страна пак, Удинезе со 1:0 успеа да слави на домашен терен против Фиорентина со голот на Ловриќ уште на стартот на дуелот.
Наполи и натаму е осми на табелата со 19. поени, додека Сасуоло го чека сериозна битка за опстанок со деветте бодови и 18. место.

