Сандерленд со домашно реми против Лидс

28.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сандерленд со домашно реми против Лидс

Со оглед на ситуацијата на табелата, фаворизираниот во моментов денеска, тим на Сандерленд имаше императив на победа во дуелот против тимот на Лидс, во рамките од новото коло во Премиер лигата.
Сепак, тоа на домаќинот не му донесе полн плен, туку напротив, Сандерленд денеска мораше да се задоволи само со бод во ремито 1:1.

А, се започна добро за домаќинот откако во 28. минута Симон Адингра погоди за водство. На полувреме Сандерленд замина со предност за да по само две минути игра во продолжението, Калверт – Левин израмни на 1:1.

Имаше домаќинот ситуација повторно да поведе но шансите не беа искористени, па резултатот остана непроменет.

Па така, сега Сандерленд со овој освоен бод стигна до „котата“ 28, и седмо место на табелата, додека пак Лидс е на 16. позиција со 20 бодови.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата