И дефинитивно му се може. За време на групната фаза на Светското првенство, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, успеал да гледа во живо 24 од вкупно 72 натпревари низ САД, Канада и Мексико.
Тој прелетал со авион 50.000 километри, што предизвика остри критики поради огромните емисии на јаглерод диоксид.
Патувајќи помеѓу САД, Канада и Мексико, Инфантино користел приватен авион, наводно како дел од спонзорски договор со компанијата „Катар“.
Неговиот најдолг лет бил 4.507 километри од Ванкувер до Мајами, а најкраткиот бил само 148 километри од Филаделфија до Њујорк.
Имало денови кога гледал два натпревари, како летот од Мајами до Сиетл, а потоа до Лос Анџелес на 15 јуни.
sportmedia.mk

