Фудбалската репрезентација на Египет е петтиот патник во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации, откако вечерва во Агадир победи по продолженија против храбриот Бенин со 3:1, откако во регуларниот дел резултатот беше 1:1.
Со еден од помоќните напади во првенството на „црниот континент“, играчите на Египет влегоа во натпреварот како големи фаворити, но прописно се намачија за да визираат четвртфинале.
Египет поведе во 70-тата минута кога Марван Атија го постигна првиот гол во дресот на репрезентацијата, по одлична акција во која учествуваше и Мохамед Салах. Токму кога се чинеше дека Египќаните лесно ќе го доведат натпреварот до крај, храбриот Бенин израмни во 83-тата минута кога Досу ја смести топката во голот на „фараоните“.
Во продолжението Ибрахим погоди во 97-та минута за 2:1, а конечните 3:1 ги постави Салах во истекот на судиското продолжение.
Египет ќе очекува битката за полуфинале против подобриот од дуелот помеѓу Брегот на Слоновата Коска и Буркина Фасо.

