Рубен Аморим во очај: Да знаев дека е така јас лично ќе го решев и тој проблем!

25.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рубен Аморим во очај: Да знаев дека е така јас лично ќе го решев и тој проблем!

Се чини дека и новиот стратег Рубен Аморим не може да го сопре падот на еден таков гигант, каков што е Манчестер Јунајтед. Младиот португалски стратег дојде на „Олд Трафорд“ како спасител, но тешко оди и со него. Ништо подобро како со неговите претходници по заминувањето на Алекс Фергусон од пред повеќе од една деценија.

Проблеми со Рашфорд и Гарначо, да не говориме за тоа каков срам доживеа клубот откако наезда глувци го “нападнаа“ стадинот.

Сепак најинтересно беше за време на еден од пресовите кога протекуваше вода во салата за прес – конференции, кога и тоа Аморим го виде па имаше што да каже по малку и во очај:

Да знаев дека е така јас лично ќе го решев и овој проблем, погледнувајќи нагоре кон местото каде што протекуваше водата“ посочи Аморим.

Факт е дека Манчестер Јунајтед е голем клуб според традицијата, величината, освоените трофеио во минатото, но исто така факт е дека овој клуб во последната деценија, па и сега, е далеку од такво нешто.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата