Роналдо го постигна 55. гол во 54. меч во Саудиска Арабија

18.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Роналдо го постигна 55. гол во 54. меч во Саудиска Арабија

Кристијано Роналдо дојде до уште еден неверојатен податок во неговата кариера. Вечерва во победата на Ал Наср на гостински терен Шабаб од 1-2 го запиша 55. гол во шампионатот во Саудиска Арабија.

Португалецот не постигна било каков гол, благодарение на него Ал Наср дојде до победата, стрелаше од белата точка во седмата минута од судиското продолжение.

За Ал Наср ова беше петта победа оваа сезона, има и две ремија.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата