Романците со инфо директно од УЕФА: Ќе има драконски казни за Косово

18.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Романците со инфо директно од УЕФА: Ќе има драконски казни за Косово

Голема полемика во светската јавност се отвори по повод мечот од Лигата на Нациите помеѓу Романија и Косово, кој не го дочека својот крај. Мечот во Букурешт, не се доигра поради гостинските играчи кои револтирани од скандирањата на домашната публика „Србија, Србија“, го напуштија теренот.

Имаше и немили сцени, се и сешто на теренот, но мечот не се доигра. Сега, нормално дека истиот ќе мора некако да има завршница, на зелената маса, а домаќинот, односно романскиот медиум „Дигиспорт“ изнесува информации кои како што вели се директно од УЕФА.

Истите велат дека мечот ќе биде регистриран со 3:0 за Романија, а на косовските репрезентативци им следуваат парични казни и суспензии поради проблемите кои ги создадоа.

Изворот на Дигиспорт исто така вели дека нема никаква теорија мечот да биде регистриран во корист на Косово, иако тоа репрезентативците на нашиот сосед тоа го бараа.

„Се е добро запишано и нотирано во извештаите на официјалните лица. Според нив, виновници за неодигрувањето на мечот до крај се исклучиво косоварите за кои следуваат казни“ – се вели во текстот.

Косово вечерва го игра својот последен меч од оваа Лига на Нации, против Литванија на „Фадиљ Вокри“ во Приштина. Одлуката пак за мечот против Романија ќе биде позната до крајот на неделава.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата