Романо тврди: Салах, Конате, Трент ќе останат „црвени“

25.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Романо тврди: Салах, Конате, Трент ќе останат „црвени“

Лидерот во англиската Премиерлига, Ливерпул преговара со своите клучни играчи за продолжување на договорите и се оди во добра насока, тврди инсајдерот Фабрицио Романо.

Според него, Ибрахима Конате се договорил за повеќето клучни услови и остануваат малите детали а официјално да потпише нов повеќегодишен договор. Секако, многу поголеми проблеми имаат клучните играчи кои имаат договори само до лето, а тоа се Вирџил ван Дајк, Трент Александер-Арнолд и Мохамед Салах. Но, Романо уверува дека се оди во добра насока и дека Ливерпул ќе успее во своите намери и ќе ги задржи сите свои играчи.

„Ливерпул работи напорно и прави се за да ги обнови договорите на сите клучни играчи и тие имаат добри шанси да успеат во тоа. Најтешки се преговорите со Трент, но Ливерпул му претстави на Трент нов договор и тоа многу добар, па преговорите продолжија“, вели Романо.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата