Заслужено. Родри, предводникот на новиот светски првак е прогласен за најдобар играч на Мундијалот. Прашање беше само дали тој или Јамал, сепак капитенот е најдобар.
Килијан Мбапе со 10 голови е најдобар стрелец, го надмина Меси и на вечната листа на стрелците.
Унаи Симон е прогласен за најдобар голман, кој на целиот турнир прими само еден гол и тоа од Де Кетеларе на мечот со Белгија.
И за најдобар млад играч, исто така репрезентативец на Шпанија, Пау Кубарси.
Сите награди заминаа во рацете на новиот светски првак.

