Бразилската фудбалска легенда, Роберто Карлос излезе од болница, каде што се наоѓаше поради извршување на итен оперативен зафат на неговото срце.
Лекарскиот конзилиум констатираше дека некогашниот фудбалер нема потреба повеќе да биде хоспитализиран и рехабилитацијата може да ја продолжи од дома.
Светот остава во шок пред неколку дена откако рутинскиот лекараски преглед на Роберто Карлос се претвори во итна хоспитализација и операција на неговото срце.
Тој првично ја посетил болницата поради мало згрутчување на крв во ногата. Токму за време на овие прегледи лекарите откриле проблем со срцето за кој била потребна хируршка интервенција.

