Откако легендарниот Матјаж Кек и официјално повеќе не е кормилар на репрезенатцијата на Словенија, јавноста во оваа земја, на големо лицитира со неговиот наследник на селекторската функција.
Фаворитот според многумина е во моментов тренерот на тимот на Цеље, Алберт Риера, кој што со успех ја гради својата тренерска кариера во Словенија извесно време.
Риера беше дел и од тимот на Олимпија, а единствен евентуален проблем за негов ангажман е актуелниот договор со клубот каде што работи.
Сепак, заеднички јазик доколку навистина Риера е првиот пик на словенечкиот сојуз секако дека ќе се најде.

