Вистинска клупска легенда! Вака може да се прокоментира во три збора кариерата на Коке во екипата на Атлетико (М).
Ветеранот кај „јорганџиите“ денеска стигна до импресивна бројка од 700 одиграни натпревари за својот единствен клуб во кариерата.
33-годишниот Шпанец целата своја кариера ја минува во Атлетико Мадрид, а од вечерва има уште една причина за гордост. Тој стана првиот фудбалер во историјата на мадридскиот тим кој дошол до оваа бројка настапи за црвено-белиот дрес.
Коке, кој му се приклучи на Атлетико Мадрид на осумгодишна возраст и го имаше своето деби за првиот тим во септември 2009 година против Барселона, е клупски рекордер со 700 настапум пред уште една клупска легенда, Аделардо Родригез, кој стигна само до 553 настапи за клубот.
Коке и Атлетико Мадрид имаат договор до летото 2026 година, но несомнено Коке ќе сака да ја заврши кариерата на „Метрополитано“.

