Колумбија и Португалија одиграа мирен натпревар во Мајами во рамките на третото коло од Групата К, кој на крајот заврши без голови. Со овој исход, Колумбија ја освои групата со седум бода на првото место, додека Португалија остана второпласирана репрезентација со пет бода.
Најдобрата шанса за Португалија ја пропушти Бруно Фернандеш, чиј удар од седум метри во 39-тата минута го одбрани Камило Варгас.
Во вториот натпревар од групата, репрезентацијата на ДР Конго со 3:1 ја совлада селекцијата на Узбекистан и обезбеди пласман на третото место. Овој триумф ја однесе африканската селекција на врвот на најдобрите третопласирани селекции од групит и со тоа во нокаут-фазата на Мундијалот.

