Рекордер – Кол Палмер е првиот фудбалер кој дал четири гола во прво полувреме

28.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рекордер – Кол Палмер е првиот фудбалер кој дал четири гола во прво полувреме

Натпреварот помеѓу Челзи и Брајтон беше интересен поради тоа што се случи нешто што никој никогаш претходно не го направил. „Сините“ победија со 4:2, а напаѓачот Кол Палмер е првиот во историјата на Премиер лигата кој постигнал четири гола во прво полувреме.
Челзи ја впиша четвртата победа сезонава во шестиот меч.
А Арсенал се врати на победничкиот ритам. Раздрман по голот за реми во 92 минута што го прими против Манчестер Сити, момците на Артета бргу се вратија во ритам. Го победија Лестер со 4:2 со голови на Мартинели, два на Тросар и еден на Каи Хаверц.

РЕЗУЛТАТИ
ЊУКАСЛ – МАН.СИТИ 1:1
АРСЕНАЛ – ЛЕСТЕР 4:2
БРЕНТФОРД – ВЕСТ ХЕМ 1:1
ЧЕЛЗИ – БРАЈТОН 4:2
ЕВЕРТОН – КРИСТАЛ ПАЛАС 2:1
НОТИНГЕМ ФОРЕСТ – ФУЛАМ 0:1
ВУЛВЕРХЕМПТОН – ЛИВЕРПУЛ вечерва


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата