Реал Мадрид синоќа урна уште еден свој рекорд во Ла Лига! (ФОТО)

15.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Реал Мадрид синоќа урна уште еден свој рекорд во Ла Лига! (ФОТО)

Новиот шампион на Шпанија синоќа со 5:0 го декласира Алавес на “Сантијаго Бернабеу“. Фановите на најголемиот клуб во светот просто уживаа во мајсториите и головите на своите миленици.

Инаку овој меч го одбележа и својот рекорд во Ла Лига. Имено Реал за стигна до 20-тиот меч во една сезона во Ла Лига на кој нема примено гол. Досега овој рекорд изнесуваше 19 средби во сезоните 86/87, потоа 87/88 и 19/20.

За овие импресивни бројки стојат тројцата голмани на Реал, Тибо Куртоа, Андриј Лунин и Кепа Аризабалага.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата