Со официјално соопштение, тимот на Реал Мадрид предмалку го потврди она што одамна се знае. Алваро Арбелоа и дефинитивно повеќе не е тренер на тимот, со што се отвораат вратите за дефинитивниот кам бек на Жозе Мурињо.
Арбелоа беше предводник на „Кралевите“ во една исклучително неуспешна сезона, во која што трофејите ги немаше, а се знае што значи тоа во клуб како Реал
„Реал Мадрид и Алваро Арбелоа постигнаа договор за прекин на неговиот мандат како тренер на првиот тим. Реал Мадрид е благодарен на Алваро Арбелоа, кој во текот на целата своја кариера во клубот, од моментот кога се приклучи на нашата академија, секогаш покажуваше лојалност, посветеност и професионализам. Неговата личност е вистински пример за вредностите на нашиот клуб. Реал Мадрид, кој секогаш ќе биде негов дом, им посакува на Алваро Арбелоа и на целото негово семејство многу среќа во ова ново поглавје од нивните животи“ – се вели во соопштението на шпанскиот клуб.

