Реал Мадрид официјално објави дека промоцијата на Мбапе ќе се одржи на 16 јули! (ФОТО)

10.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Реал Мадрид официјално објави дека промоцијата на Мбапе ќе се одржи на 16 јули! (ФОТО)

И официјално. Промоцијата на Килијан Мбапе ќе одржи на 16 јули (вторник) и тоа во 12 часот. Ова предмалку со специјално соопштение го потврди и Реал Мадрид. Со таа промоција и дефинитивно ќе се стави крај на долгоочекуваниот трансфер на деценијата или на 21 век.

Мбапе и Реал се договорија за соработка  уште пред да започне ЕУРО, но сега следува официјалната промоција.

Повеќе од јасно е дека на 16 јули на “Сантијаго Бернабеу“ ќе следува спектакл.

Реал Мадрид ЦФ соопштува дека следниот вторник, 16 јули, во 12:00 часот, на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ ќе се одржи презентацијата на нашиот играч Килијан Мбапе.

Претходно, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ќе го прими Килијан Мбапе во Реал Мадрид Сити на свечената церемонија на потпишување што го поврзува нашиот нов играч со клубот во следните пет сезони.

По презентацијата, Килијан Мбапе ќе зборува за медиумите во прес-салата на Сантијаго Бернабеу“ се вели во соопштението на “кралевите“.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата