Реал Мадрид ќе го официјализира Белингам следната недела

26.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Реал Мадрид ќе го официјализира Белингам следната недела

Како што објавува денешното издание на „Марка“, Реал Мадрид следната недела ќе го официјализира доаѓањето на Џуд Белингам на Сантијаго Бернабе.

Поточно, „Кралевите“ ќе почекаат Бундеслигата да ја има својата завршница па потоа ќе ја склопуваат „зделката“ која ќе вреди секако околу 100 милиона.

Борусија Дортмунд, клубот за кој настапува во моментов Белингам е во игра за шампионската титула, има два бода предност пред Баерн Минхен и е потребен уште еден триумф па да се подигне трофејот.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата