Реал Мадрид го договори Конате, сега го сака и Дамфрис од Интер!

2.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Реал Мадрид го договори Конате, сега го сака и Дамфрис од Интер!
фото: Liverpool FC

Реал Мадрид постигна договор со францускиот централен бек Ибрахима Конате, според гуруто за трансфери Фабрицио Романо. Поранешниот дефанзивец на Ливерпул ќе пристигне на “Бернабеу“

како слободен агент со четиригодишен договор. Исто така, се зборува за опција за продолжување на договорот за уште една година. Финализирањето на трансферот зависи од претседателските избори и потенцијалната победа на сегашниот шеф и апсолутен фаворит Флорентино Перез.

Новинарот на „Ел Чирингито“, Маркос Бенито, објави дека Ибрахима Конате ги ставил понудите од Саудиска Арабија на чекање за преселба во Мадрид.

меѓувреме, Матео Морето од „Марка“ објави дека одбраната би можела да се засили и со десен бек, со омилениот играч на „Лос Бланкос“, Дензел Дамфрис. Раководството на Реал сака да ги затвори договорите за Конате и десниот бек на Интер пред почетокот на Светското првенство. Во последните часови се зборуваше за интересот на Реал Мадрид за уште двајца десни бекови – Педро Поро од Тотенхем и Иван Фреснеда од Спортинг Лисабон.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата