Успешниот претседател на Реал го ангажираше Бернд Рајхарт, човек кој со години беше едно од најпрепознатливите лица на проектот Суперлига и ја водеше компанијата A22 Sports Management, задолжена за неговата промоција.
Неговото доаѓање во Мадрид го привлече вниманието токму поради сè што се случуваше во европскиот фудбал во изминатите години.
Суперлигата беше голем проект на Перез, замислен како алтернатива на постојниот систем на европски натпреварувања, а Рајхарт имаше важна улога во обидите за негово реализирање.
Проектот на крајот не заживеа, а многумина од неговите критичари сметаат дека Перез сега, всушност, му возвраќа на Рајхарт за поддршката, бидејќи Реал беше клубот што најмногу ја поддржуваше идејата за Суперлигата.
Според информациите на шпанските медиуми, Рајхарт ќе го преземе раководењето со деловниот сектор на Реал Мадрид и директно ќе одговара пред генералниот директор на кралскиот клуб, Хозе Анхел Санчез.
Шпанските медиуми наведуваат дека во негова надлежност ќе бидат комерцијалното работење, спонзорските договори, продажбата на клупски производи и комерцијалното искористување на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Да потсетиме, Реал во средата, во рамките на второто коло од Лигата на шампионите, по голем пресврт ја совлада Рома во Рим со 4:3.

