Реал ја признава грешката…. го враќа Нико Паз на лето

26.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Реал ја признава грешката…. го враќа Нико Паз на лето

Одличните игри на аргентинецот Нико Паз во тимот на Комо, ги натераа во таборот на Реал Мадрид да ја признаат грешката што воопшто го пуштија да си оди и ќе ја активираат клаузулата за негов откуп.

Момчето кое што има стаж во „Кралскиот клуб“ но очигледно мораше да го оди заобиколниот фудбалски пат, ќе се врати на Сантијаго Бернабе на голема врата и ќе биде веројатно првото летно засилување за Реал.

Иако неговата вредност е процената на цели 65 милиони евра, сепак, од Мадрид ќе потрошат само девет со оглед на клаузулата во договорот за враќање на офанзивецот во Реал.

Нико Паз има само 21. година во моментов.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата