Реал го продаде во ПСЖ за 25 милиони евра, а вчера потпиша за клуб од Малезија

9.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Реал го продаде во ПСЖ за 25 милиони евра, а вчера потпиша за клуб од Малезија

Некогашниот фудбалер на Реал (М) и ПСЖ, Хесе Родригез е нов играч на лидерот во малезинската Прва лига, Јохор ДТ. Шпанскиот напаѓач се пресели во Малезија како слободен играч, а не беше објавено на колку години потпишал договор со Малезијците.

31-годишниот Хесе своевремено играше за Реал Мадрид, а во 2016 година замина во ПСЖ за 25 милиони евра. Тој беше под договор со парискиот клуб до 2020 година, но одигра само 18 натпревари, бидејќи поголемиот дел од своето време го помина на позајмица во Лас Палмас, Стоук Сити, Бетис и Спортинг Лисабон. Во следните години смени неколку клубови: Лас Палмас, Анкарагучу, Сампдорија и бразилска Коритиба.

Пред да потпише за Јохор од јануари до сега беше без клуб.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата