Во првиот натпревар по враќањето во англиската Премиер лига, екипата на Хал го победи Манчестер Јунајтед со 2:0. Во првото коло од новата сезона на најсилната лига во светот, Хал предводен од босанскиот стратег Јакировиќ го надмудри Мајкл Карик и со два гола во првиот дел од мечот дојде до првите три пермиерлигашки бодови.
Во 17-та минута Ламенс го сопре одличниот удар на Оливер Мекберни, но по центаршутот од корнер, мрежата на „ѓаволите“ ја затресе Семи Аџаји.
Јунајтед се обиде брзо да возврати преку Мбеумо и Доргу, но не беа прецизни. Следуваше вториот гол за домашните преку Нобел Менди кој со глава ја погоди гостинската мрежа за конечни 2:0.
Второто полувреме не донесе подобра игра од Јунајтед, кои беа целосно разочараа.

