Разочараниот Спалети: Не бевме подготвени за битка!

29.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Разочараниот Спалети: Не бевме подготвени за битка!
фото: JuventusFC (X)

Тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, упати остри критики за играта на својот тим по поразот од 0:2 на гостувањето кај Џенова. Стратегот ја истакна недоволната борбеност и порача дека современиот фудбал бара сосема поинаков пристап кон физичките дуели на теренот.

„Пред сè, должни сме да им се извиниме на навивачите за ваквото издание. Во ваков момент секој збор може да звучи погрешно, па затоа ни треба време реално да ја процениме ситуацијата. Балданци успеваше да наоѓа слободен простор зад нашата одбрана и не најдовме начин да го спречиме. Освен тоа, самите ѝ помогнавме на Џенова да ги постигне головите, додека ние пропуштивме две одлични можности.

Тешко е да се прифати вакво ниво на трчање и интензитет. Ги губевме дуелите и во нападот и во одбраната – насекаде на теренот. Мора да ја разбереме причината и да го подигнеме физичкото ниво, како и желбата да се бориме за секоја топка.

Не го дадовме максимумот. Сега мора да процениме дали овие фудбалери ги поседуваат потребните квалитети за остварување на целта. Недостигаше борбеност – проблем што нè следи од почетокот на сезоната. Сакам повторно да го погледнам натпреварот бидејќи пред само три дена тимот покажа сосема поинакво лице во текот на цели 60 минути“, продолжи Спалети.

Тој го посочи и главниот проблем со кој се соочуваат неговите фудбалери.

„Ме загрижува тоа што тешко успевам да ги натерам играчите да разберат дека фудбалот се променил. Пред сè, мора да ги добиваш индивидуалните дуели и да издржиш на постојаниот притисок по целиот терен. Кога се обидуваме да го примениме тоа на тренинзите, се соочуваме со тешкотии. Недостигот од време за подготовка и малиот број алтернативи доведуваат до акумулирање замор. Сакаме да направиме чекор напред, но за сè да функционира, потребно е време, со кое во моментов не располагаме“, додаде искусниот стратег.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата