Веќе неколку дена топ – тема на Островот е заминувањето на Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед. Има две приказни на таа тема. Првата е дека напаѓачот мора да си оди поради фактот дека Рубен Аморим не смета на него, а втората е дека тој самиот сака да си оди.
По се опва напаѓачот на репрезентацијата на Англија на своите социјални мрежи напиша:
„Овие денови беа напишани и кажани многу лаги, а оваа последнта е многу смешна. Ниту сум се сретнал со некои агенти, ниту пак имам таква намера“ објасни Рашфорд.
Тој ова го објаснува откако се појавија шпекулации дека се сретнал со агентите кои му кажале дека има понуда од 90 милиони евра, само да си замине од Манчестер Јунајтед.