Се до утре попладне, кога се игра дербито од 20.коло во Премиерлигата, Арсенал ќе има +7 бодови, но и меч повеќе од Манчестер Сити кој се среќава со Челзи и е трет, а +6 бодови пред втората Астон Вила.
Ова е поради победата вечерва на лидерот на табелата на тешкото гостување кај Борнмут и тоа со 2:3. Да, четата на Микел Артета не блескаше, но сепак одигра сосема квалитетно за да дојде до големи три бода со кои е поблиску до титулата во најсилната лига во светот која “топџиите“ ја четаат 22 години.
Домашните поведоа со голот на Еванилсон во 10.минута, но тоа водство не траеше којзнае колку, ако се знае дека Габриел во негов стил во 16.минута израмни на 1:1.
Како што одминуваше времето Арсенал се повеќе ги контролираше настаните на теренот, а Деклан Рајс со два гола, во 54. и 71.минута му донесе водство на својот тим од 1:3. Сепак да не биде така лесно, се погрижи Крупи во 77.минута за конечни 2:3 за да до крајот гостите да се “тресат“ за победата.

