Рајо ја оправда улогата на фаворит против Алавес

29.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рајо ја оправда улогата на фаворит против Алавес

Екипата на Рајо Ваљекано освои уште еднаш три бода сезонава. Овојпат тоа го направи на гостувањето кај Алавес кого го победи со конечни 0:2.

Творци на овој триумф Цис кој погоди по само две минути игра, а водството го удвои Диаз во 58. минута. Се можеше да биде поинаку на овој дуел доколку при минимална негатива во првиот дел Јордан го реализираше ударот од белата точка за домашните, но тоа не се случи.

Со оваа победа Рајо стигна до 40 поени сезонава, додека пак Алавес и тоа како има за што да се грижи до крајот на истата, затоа што има само 27 бодови, кои се само поен до зоната за испаѓање.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата