Луис Енрике засекогаш ќе биде запишан со златни букви како прв тренер во историјата на клубот кој на ПСЖ му го донесе „ушлето“ во Лигата на Шампионите.
Сепак позната е релација на Енрике со Барса, со тимот кој пред една деценија го овои истиот тој трофеј во ЛШ, а и самиот тој не крие дека би можел да се врати на “Камп Ноу“ кога тогаш.
Токму затоа челниците на европскиот првак и тоа како се загрижени или стравуваат дека ако не ова лето, тогаш наредното би можело да се случи Енрике да си замине од Париз.
Враќањето на Енрике на “Камп Ноу“ секако дека ќе биде и тоа како поздравен од фановите на Барселона. Од друга страна со тоа секако дека нема да бидат воодушевени фановите а ПСЖ.
Засега Ханси Флик е неприкосновен на клупата на каталонската гордост, сепак знаете ли е што интересно во врска со Флик и Енрике.
Па и на двајцата им истекуваат договорите со Барса и ПСЖ во јуни 2027.

