Интернационалецот на Алжир и член на тимот на Баер Леверкузен, Ибрахим Маза е еден од најсериозните кандидати да биде доведен во Париз, како замена за тешко повредениот Квича Кварацкелија.
Како што е познато грузиецот ги скина лигаментите на дуелот со Барселона во рамките од Лигата на шампионите, а во таборот на ПСЖ сега размислуваат како да го заменат напаѓачот со оглед на фактот дека него ќе го нема до крајот на тековната сезона.
Списокот на потенцијални засилувања има неколку имиња, а според германските медиуми, едно од нив е токму Маза.
Момчето родено во Берлин кое што настапуваше за младинските селекции на Германија, а потоа замина во дресот на Алжир игра одлично сезоната. Од ПСЖ наводно имаат намера периодов сериозно да седнат на маса и да преговараат негов трансфер. Тој секако ќе чини поприлично многу затоа што има само 20. години.

