ПСЖ без Дембеле во првата фаза на Светското клупско првенство

7.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПСЖ без Дембеле во првата фаза на Светското клупско првенство

Усман Дембеле ќе го пропушти почетокот на Светското клупско првенство.

Крилниот напаѓач на ПСЖ заработи повреда на бутот за време на натпреварот против Шпанија во полуфиналето на Лигата на нации (4:5). Закрепнувањето ќе трае 2-3 недели. Тој ќе ја пропушти групната фаза од Светското клупско првенство, кое започнува на 14 јуни, но може да учествува во завршницата, доколку Парижаните се пласираат во елиминациите.

Бредли Баркола заработи повреда на коленото и ќе го пропушти и натпреварот за третото место во Лигата на нациите против Германија.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата