По шест натпревари без победа, конечно радост и за навивачите на Брајтон. Попладнево во првиот меч за 2026 година, популарните „галеби“ остварија победа на домашен терен против екипата на Барни од 2:0.
Со голот на Рутер во 29. минута, Брајтон успеа да обезбеди водство од 1:0, а во финишот на полувремето имаше уште неколку добри позиции и да ја удвои предноста.
Сепак, вториот гол дојде на отворањето на второто полувреме кога Ајари во 47. минута успеа да реализира за 2:0.
Во вториот попладневен натпревар, екипата на Вулверхемптон извојува голема победа над Вест Хем од 3:0. Ова беше прва сезонска победа за „волците“ кои досега ниту еднаш не се израдуваа оваа сезона. Мечот го отвори голот на Ариас уште во 4. минута, по што следуваше и погодокот на Хванг од пенал во 31. минута за 2:0.
Конечните 3:0 беа поставени во првото полувреме, откако Мане ја погоди и третпат гостинската мрежа.

