Проблеми за Анчелоти пред финалето: Белингем и Валверде се пожалиле на повреди, Модриќ е болен

10.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Проблеми за Анчелоти пред финалето: Белингем и Валверде се пожалиле на повреди, Модриќ е болен

Реал Мадрид е пред сериозен проблем за финалето со Барселона во Суперкупот на Шпанија. Како што јавија неколку шпански медиуми, Џуд Белингем, Федерико Валверде и Лука Модриќ ризикуваат да го пропуштат финалниот натпревар од Суперкупот в недела.

Според информациите, Белингем и Валверде имаат проблем со мускулите (наводно преоптоварување), додека Лука Модриќ има грип.

Финалниот натпревар од шпанскиот Суперкуп меѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се одигра в недела во 20 часот во Џеда, С. Арабија.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата