Проблеми со авионот за Реал Мадрид

9.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Проблеми со авионот за Реал Мадрид

Лошите временски услови предизвикаа проблеми за Реал Мадрид. Авионот на кралскиот клуб долго време беше во воздух поради силна бура во Њујорк.

Авионот не можеше да слета повеќе од два часа. Од Реал Мадрид дури беше побарано да биде откажана прес-конференцијата на главниот тренер Чаби Алонсо. ФИФА вложи максимални напори да им помогне на „кралевите“ за да може авионот да слета што е можно поскоро.

Авионот со играчите на шпанскиот гигант слета во Њујорк, каде што вечерва се игра натпреварот со Пари Сен Жермен од полуфиналето на Светското клупско првенство.

ПСЖ пристигна порано во Њујорк, а вчера тренираше во базата на Универзитетот „Ратгерс“.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата