Пробиени резултатите за „Златната топка“: Обложувачи заработиле 2 милиони долари!

5.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пробиени резултатите за „Златната топка“: Обложувачи заработиле 2 милиони долари!
фото: FC Bayern @FCBayernEN (X)

Француската полиција истражува сомнителни обложувања поврзани со доделувањето на „Златната топка“ за 2026 година, откако 12 профили на платформата Полимаркет го погодиле точниот редослед на најдобрите пет фудбалери.

Според медиумските извештаи, анонимните обложувачи вложиле вкупно повеќе од 264.000 долари, а оствариле добивка, секој од околу 200.000 долари или заедно над 2 милиони долари.

Сите 12 профили го предвиделе истиот конечен пласман: Хари Кејн пред Килијан Мбапе, Ламин Јамал, Родри и Лионел Меси.

Особено сомнително е што повеќе профили биле отворени непосредно пред церемонијата, а дел од нив ги направиле првите облози само неколку минути по регистрацијата.

Според истрагата на медиумот „Апсајд“, седум од профилите претходно немале активности на други пазари за обложување.

Организаторот на наградата, „Франс Фудбал“, започнал сопствена истрага и ги известил француските полициски служби. Се проверува дали некој имал пристап до доверливи информации за резултатите од гласањето пред нивното официјално објавување.

Важно е да се нагласи дека засега нема потврда дека резултатите биле незаконски откриени, ниту дека е утврден идентитетот на лицата зад профилите.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата