Прими пет гола, но го урна рекордот на Куртоа по бројот на одбрани

17.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Прими пет гола, но го урна рекордот на Куртоа по бројот на одбрани
фото: GlimtRapport @GlimtRapport (X)

Рускиот голман во дресот на Бодо/Глимт, Никита Хајкин постави рекорд по број на одбрани во една сезона во Лигата на шампионите. 30-годишниот руски голман оствари 68 одбрани во 12 натпревари на главниот турнир, вклучувајќи го и реваншот со Спортинг во 1/8 финалето (0:5, 3:0 – прв натпревар).

Хајкин со тоа го надмина рекордот на Тибо Куртоа од Реал Мадрид, кој имаше 59 одбрани во сезоната 2021/22. Петр Чех е трет со 58.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата