Претседателот на Селтик го напушта клубот поради закани и напади од навивачите

18.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Претседателот на Селтик го напушта клубот поради закани и напади од навивачите
фото: North Curve Celtic (X)

Претседателот на шкотскиот фудбалски гигант Селтик, Питер Ловел, ќе се повлече од својата позиција на крајот на декември, поради закани и навреди од навивачите на клубот. Во својата изјава, тој ги нарече притисоците кон него и неговото семејство „неподносливи“.

Оваа сезона, раководството на Селтик беше цел на напади на навивачите, поради разочарувачкиот летен преоден рок, елиминацијата од Лигата на шампионите и моменталната позиција на тимот во шкотската Премиер лига.

Лавел, кој беше извршен директор на клубот 18 години од 2003 година и претседател во последните три години, на официјалната веб-страница на клубот изјави дека заминува „со тага“, истакнувајќи дека „навредите и заканите од некои извори станале неподносливи“.

„Тие го загрижија моето семејство. Во овој момент од мојот живот, не можам да го прифатам тоа и затоа го напуштам клубот што го сакав целиот свој живот“, изјавил Лавел.

Брајан Вилсон ќе биде привремен претседател додека клубот не назначи постојан наследник.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата