Претседателот на Милан: Малдини не му беше потребен на Милан

9.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Претседателот на Милан: Малдини не му беше потребен на Милан

Претседателот на Милан, Паоло Скарони излезе со прва изјава по заминувањето на легендата на „росонерите“, Паоло Малдини. Тој вели дека Малдини повеќе не им е потребен на „росонерите“, дека не знаел да работи тимски и дека поради тоа добил отказ.

Скарони ги убедлуваше фановите дека клубот ќе продолжи да следи иновативни модели на управување со клубот. Тој исто така го обвини Малдини дека не знае да работи во тим, па тоа е причината за нивната разделба.

„Сите имавме пофални зборови за Паоло Малдини, кој е одличен господин, некој кој е поврзан со Милан и кој добро работеше за овој клуб. Но, ние следиме поиновативен модел, барем за Италија, за тоа како да се води клуб“, рече Скарони, а потоа продолжи:

“Ова не води до фактот дека сите треба да работат како тим. Имаме чувство дека Малдини не се чувствувал добро во таква организација и дека за нас беше најдобро да се разделиме. Секако дека Малдини имаше удел во сите успеси на Милан и ние сме му благодарни, но тој повеќе не му треба на Милан“.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата