Познати одлуките на УЕФА за мечот Романија – Косово

20.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Познати одлуките на УЕФА за мечот Романија – Косово

Во текот на денешниот ден од УЕФА пристигнаа одлуките по повод прекинатиот меч од Лигата на Нациите помеѓу Романија – Косово.

Како што е добро познати, репрезентативците на Косово го напуштија теренов во Букурешт при резулрат 0:0 по што дојде и до немили сцени на теренот. Имаше разни скандирања од публиката, провокации за гостите. Поради тоа Косово го напушти теренот, а УЕФА на крајот одлучи да го регистрира мечот со службени 3:0 за Романија.

ОД друга страна, домаќинот е казнет до 50.00 евра и празни трибини на следниот меч. Официјално, поради Расистички и националистички скандирања, стои во соопштението. Плус, 30.000 евра за политички скандирања, кои се исто така недозволиви според УЕФА.

Поради фрлање на тврди предмети, плус казна од 10.000 евра, 4500 евра за употреба на пиротехника, и конечно 8000 евра за употреба на ласери. Паричната казна за Косово изнесува 6000 евра поради напуштање на мечот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата