Познато е што се се случуваше на средбата Валенсија – Реал Мадрид, кога во таа 75.минута имаше инцидент меѓу Столе Димитриевски и Винисиус Жуниор, кога Бразилецот го удри Македонецот и заработи црвен картон.
Вечерва е позната казната која ја заработи Вини од страна на Дисциплинската комисија во Ла Лига. А таа е два меча суспензија, 600 евра за играчот и 700 евра за Реал Мадрид. Ова значи дека Бразилецот нема да може да игра на двата меча против Лас Палмас и Ваљадолид, ама ќе може да игра во Суперкупот.
И на оваа речиси никакв казна, од Реал Мадрид најавија дека ќе се жалат.