Големото „Ел Класико“ бр 1. за новата сезона ќе се одигра на 26 октомври во рамките на 10. коло, кога Барселона му гостува на Реал на „Бернабеу“. Реваншот е следната година на 10 мај на „Камп Ноу“.
Реал (М) градските пресметки со Атлетико ќе ги одигра на 28 септември во рамките на 7-то коло (гости), а дома на 22 март во рамките на 29-то коло. Барселона ќе игра против тимот на Диего Симеоне на 11 јануари (дома) и 5 април (гости).