Познат е “костурот“ до финалето во ЛШ: Арсенал има отворен пат до 1/2 финалето, најтешко ќе им биде на Реал и Сити!(ФОТО)

27.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Познат е “костурот“ до финалето во ЛШ: Арсенал има отворен пат до 1/2 финалето, најтешко ќе им биде на Реал и Сити!(ФОТО)
ФОТО: UEFA.COM/X

Откако се извлекоа двојките за осминафиналето во Лигата на Шампионите, автоматски се направи и “костурот“ со можните двојки се до финалето. Ова е последната ждрепка оваа сезона во ЛШ.

И веднаш да кажеме Арсенал имаше среќа, многу среќа, речиси да има отворен пат до полуфиналето. Имено прво треба да го мине Леверкузен а потоа во 1/4 финалето се среќава си победникот од двомечот меѓу Бодо/Глимт и Спортинг. Реал Мадрид и Манчестер Сити имаат најтежок пат. Прво играат меѓусебе, за да подоброт во следната фаза најверојатно се среќава со Баерн Минхен.Можни 1/4 финални двојки се и ПСЖ/Челзи – Ливерпул како и Барселона – Атлетико Мадрид.

Се ова значи дека ќе имаме супер интересна, спектакуларна завршница оваа сезона во Лигата на Шампионите.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата