Постекоглу е нов тренер на Роналдо во Ал-Наср

3.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Постекоглу е нов тренер на Роналдо во Ал-Наср

Саудискиот клуб Ал-Наср го објави назначувањето на Анже Постекоглу за свој нов менаџер. Австралијанецот доаѓа со двегодишен договор.

Постекоглу се враќа на тренерската позиција по краткиот престој во Нотингем Форест. Австралиецот ќе го замени Жорге Жесус, кој го напушти клубот откако ги одведе до титулата во Саудиска Про лига.

„Ново поглавје. Г-дин Анже Постекоглу како тренер на првиот фудбалски тим во клубот Ал-Наср, и тоа со договор продолжен за две сезони. Нашите најдобри желби за успех нему и на неговиот персонал во нивното патување со Глобалниот клуб“, објавија на социјалните мрежи луѓето од Ал-Наср.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата