Една од најпопуларните руски порно ѕвезди Љубов Бушуева откри приказна поврзана со неа, поранешниот руски репрезентативец Андреј Аршавин, неговиот соиграч од Зенит Владимир Бистров и трет човек по име Александар. 28-годишната актерка, која во индустријата за возрасни се претставува како Лола Тејлор, откри дека пред неколку години била на чекор да има секс со тројцата, но „зделката“ пропаднала затоа што фудбалерите не сакале да се фотографираат со неа.

Беа Андреј Аршавин, Владимир Бистров и уште еден, кого го немав видено претходно. Бев на одмор во Гененџик. Ме видоа во еден бар и ме поканија на својата маса. Бистров не престануваше да зборува, Аршавин само вадеше пари и порачуваше пијачки. Испивме две шишиња виски и се качивме во мојот апарман. Имав намера да ги заведам и да имаме секс во тројка“, вели убавицата за „Комсомолскаја Правда“.

Но тогаш побарв од нив да направиме селфи за спомен и тие се скаменија. Тогаш третиот маж, кој се викаше Александар, ми го грабна телефонот и ми се закани да не правам никакви фотографии или видеа. Тогаш избегав. Другиот ден повторно ги сретнав, но пак откажаа да направам селфи со нив“, вели Тејлор.