Поради бламажата на Барса, Олмо не може да игра ни за Шпанија?!

2.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поради бламажата на Барса, Олмо не може да игра ни за Шпанија?!

Топ – тема во фудбалски Европа во последните неколку денови секако дека е се она што се случува во Барселона поврзани со Дано Олмо. Последните информации говорат дека Олмо не е на списокот на играчи на каталонскиот гигант, дека е слободен играч и дека може да оди каде што сака. Исто така нему му е одземена картицата од страна на Ла Лига како играч на Барса и засега не може да игра и во Ла Лига, но не може да игра и на другите натпреварувања.

Хоан Лапорта верува дека до утре ќе ги среди сите работи, ама тешко.

Инаку утринава по малку шокатно делува веста дека Олмо по се ова не смее да игра ниту за репрезентацијата на Шпанија со која минатото лето ја освои титулата на ЕП 2024.

Навистина Лапорта и Барселона се избламираа за сите пари, а се шпекулира и тоа ако претседателот на Барса не изнајде начин да ја среди работата до утре, тогаш клубот ќе загуби 250 милиони евра поради Олмо а и ќе го нема овој екстра фудбалер во своите редови.

Невидена бламажа….


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата