Полувреме во Џеда: Фантазија од фудбал – Барселона – Реал 2:2!

11.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полувреме во Џеда: Фантазија од фудбал – Барселона – Реал 2:2!
ФОТО: FC Barcelona/FB

Барселона – Реал Мадрид е 2:2 по првото полувреме од финалето на Супер Купот на Шпанија кое се игра вечерва во Џеда (С. Арабија).

Интересно беше и тоа како. Реал подобро го отвори овој меч со шансите на Винисиус и Гонзало Гарсија. Барса врати со шансите на Рафиња, две, како и со шутот на Педри ама Рафиња по фантастичната асистенција на Јамал донесе 1:0 за Барса во 36.минута.

Вини врати со гол во 45+2, за 1:1. Следуваше голот на Левандовски за 2:1, но тоа беше крај на ова фантастично полувреме кое заврши со голот на Гонзало Гарсија за 2:2. Едвај го чекаме второто полувреме.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата