Франција – Шпанија 0:1 е резултатот по првото полувреме од првото полуфинале кое се игра во Далас. Се играше 20.минута кога Дињ го фаулираше Јамал за чист пенал за “Фуријата“. Ојарзабал беше сигурен изведувач на најстрогата казна за 0:1. Шпанија имаше уште неколку опасни закани за втор гол, но не дојде до тоа.
Франција беше целосно надиграна, “страшната“ Франција непрепознатлива, Мбапе и другарите може да бидат среќни зошто губат само со 0:1. Тимот на Дидие Дешамп е далеку од онаа Франција која досега на Мундијалот просто газеше.

