Аргентина – Египет 0:1 е резултатот по првото полувреме на осминафиналниот меч во Атланта. Со голот на Јасер Ибрахим во 15.минута, “Фараоните“ сензациоално поведоа.
Аргентина можеше барем да израмни, ако се знае дека Меси во 20.минута не реализира пенал, поточно голманот Шобир одбрани. Ова е втор пенал кој Меси не го реализира на СП. Меси потоа ја погоди и стативата од слободен удар, Мекалистер имаше голема шанса, а Алварез имаше зицер, но Шобир успеа се да одбрани да го прати Египет на пауза со водство.
Дали на повидок е сензација и елиминација на светскиот првак? Останува да видиме во второто полувреме.

